Се вчитува...
ПРОИЗВОДИ
Ливадскиот мед е природен производ со извонреден вкус и арома, собирана од разновидни цвеќиња на чисти ливади. Богат со природни шеќери, витамини, минерали и антиоксиданси, тој ја поддржува имунолошката одбрана, ја зголемува енергијата и придонесува за општата виталност на организмот.
Секоја лажичка ливадски мед носи делче природа и е вистинска грижа за вашето здравје, совршен избор за дневна исхрана и природна слатка енергија.
Шумски мед од регионот на Берово, добиен од дабова шума и планински ливади. Има темна боја, густа структура и интензивен, препознатлив вкус. Овој мед е вистински избор за љубителите на поароматичен и посилен мед. Потекнува од чистата природа на Малешевијата и ја носи силата на шумата во секоја лажица.
Природен шумски мед од Поречкиот регионот на Македонија, добиен од даб и костен. Се одликува со специфична арома и карактеристичен, полн вкус. Овој мед е богат со минерали и железо. Создаден во недопрена природа, далеку од загадување. Идеален е за оние кои сакаат поизразен и традиционален шумски мед.
Матичниот млеч е еден од највредните пчелни производи. Природен елексир на здравјето, богат со витамини, минерали и аминокиселини. Познат е по својата поддршка на имунитетот, зголемување на енергијата и подобрување на општата виталност. Се користи во многу мала дневна количина и најчесто се зема наутро. Вклучете го во вашата дневна рутина и почувствувајте ја силата на природата.
За полесна употреба, матичниот млеч може да се комбинира со мед. Препорачана комбинација е 3 грама матичен млеч во половина килограм мед за деца, додека 5 грама во половина килограм мед е наменето за возрасни. Се зема наутро на празен стомак. Природна и практична форма за секојдневна употреба.
Прополис раствор со алкохол е природен производ од чист пчелин прополис, познат по своите антибактериски и антивирусни својства. Богат со активни соединенија, тој ја поддржува имунолошката одбрана, ја заштитува слузокожата и промовира општа виталност.
Достапен е во практични пакувања – капки за лесно дозирање и спреј за директна употреба, овозможувајќи природна грижа за здравјето секој ден.
Цветниот полен е природен производ што пчелите го собираат од цветовите. Се консумира самостојно или во комбинација со мед. Како природен додаток во исхраната, поленот претставува вистинска ризница на хранливи материи и секојдневна поддршка за здрав и активен живот.
Пергата, позната како пчелен леб, е ферментиран полен кој пчелите го складираат во саќето. Пергата е богата со витамини, минерали, ензими и протеини. Претставува моќна природна поддршка за имунитетот, енергијата и целокупната виталност на организмот.
Со редовна употреба, пергата придонесува за подобра издржливост и природен баланс.
Прополис маста е природна комбинација од прополис, невен, ајдучка трева и пчелин восок. Создадена е за нега и заштита на кожата, со внимателно одбрани состојки од природата. Лесно се нанесува и ја храни кожата, оставајќи чувство на заштита и нега.
Бронхо мед е внимателно подготвена комбинација од ливадски мед, синап, ленено семе и лимон, создадена како природна поддршка за респираторниот систем и општата виталност. Богат со витамини, минерали и антиоксиданси, оваа мешавина ја поттикнува имунолошката одбрана, ја олеснува дишната функција и ја зголемува енергијата.
Ви благодариме на довербата!